Пресврт на денешното рочиште во предметот „Лотарија“
Владо Петковски директорот на „Секторот на игри на среќа“ на Државна Лотарија како прв сведок на обвинителството со искази, но во полза на обвинетите.
На серија прашања на обвинителот одговори дека за време на директорувањето првообвинетиот Прпарим Бајрами - Лотарија имало серија проекти со цел раст на компанијата, а набавката на електронски терминали за приредување на игри на среќа за кои меѓу другото се гонат обвинетите за него не било спорно.
Владо Петковски сведок
- Јас лично сум учествувал во постапката за набавка на терминалите. Бев техничка комисија за подготовка на јавната набавка и реализација на проектот. Идејата беше да се набават електронските терминалите со кои Државна лотарија ќе приредува самостојно игри на среќа, и целиот профит да остане за Лотарија, а не да се дели со приватни партнери.Пристигнаа апаратите, се поставија кај деловните партнери, за што УЈП се произнесе позитивно, но не стигна согласност од Министерството за финансии бидејќи се донесе тоа автентично толкување на законот, по што сите процеси беа блокирани, речи сведокот.
Обвинителството го прогласи сведокот за непријателски и побара да продолжи да му поставува вкрстени прашања
обвинител :
- Причините се повеќе, како причината за смената на директорката, начинот на работењето на директорите, познатствата на Бајрами и Груби, средбите меѓу нив, како и средба на сведокот и обвинетите. Воедно и во останатиот дел во однос на спроведување на постапките кои што не соодветствува со материјалните докази, сметаме дека не може повеќе да се смета за сведок на обвинителството и бараме вкрстени прашања рече обвинителот.
Сведокот меѓу другото на вкрстените прашања на обвинителот негираше дека имал средба со прво и второобвинитиот и дека примил наредба од Прпарим Бајрами дека ништо не може да помине во државна лотарија без да го одобри Артан Груби.
За одбраната на Артан Груби сведочењето на сведокот само ја потврдува тезата дека во лотартија се работеле законски.
Покрај Груби и Бајрами обвинети се уште 6 лица. Обвинението, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле овластувањата и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 9,7 милиони евра.

