Пресуда на судот во Стразбур: Да се регистрира здружение на Македонци во Бугарија
Foto

Пресуда на судот во Стразбур: Да се регистрира здружение на Македонци во Бугарија

Бугарија мора да го регистрира македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград и да му плати оштета од 7500 евра после денешната пресуда на европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се нотира дека официјална Софија ја прекршила конценцијата за човекови права и фундаментални слободи кога во 2013 година не дозволила да се регистрира здружението бидејќи во неговиот статут пишува дека ги застапува етничките македонци во Бугарија.

„Случајот го адресира прашањето дали е потребно во демократско општество какво што е бугарското судот одбие регистрација на организација која се залага за идејата дека постои угнетено македонско малцинство во Бугарија“.

Македонското здружение пред европскиот суд го застапува адвокатот Тони Менкиновски кој вели дека сега Бугарија мора да го регистрира здружението.

Но оваа пресуда ќе има влијание и врз статусот на останатите организации на македонците во Бугарија, додава Менкиновски.

Поради политиката која го забранува постоењето на македонското малцинство во Бугарија, официјална Софија е под мониторинг на Советот на европа, и последната пресуда сигурно ќе направи дополнителен притисок врз бугарските власти во односот и кон другите етнички заедници кај источниот сосед.

0 Коментари

Остави коментари