Престижни светски награди за Синиша Кашавелски од Куманово за делото „Судбоносно време“
Foto

Престижни светски награди за Синиша Кашавелски од Куманово за делото „Судбоносно време“

Кумановскиот академски уметник, Синиша Кашавелски доби уште една награда за неговото дело „Судбоносно време“ (Crunch Time). Како што информираше уметникот, овој пат наградата е во Рим, Италија на „Малмеги Лаб“ која се одржа од 3 до 16 октомври во Piazz di Pietra Fine Art Gallery. Кашавелски учествуваше како селектиран финалист на интернационалниот конкурс

Сликата „Судбоносно време“ оваа година беше претставена на три интернационални престижни сликарски манифестации, при што ги освои врвните награди во соодветните категории во којашто се натпреваруваше, со што само се потврди нејзината актуелност и вистинска вредност.

Првите награди на ова дело беа доделени во Индија Jumbish World Art Competition во категориите масло на платно и како апсолутен победник во сите зададени категории „Grand Winer“ Претходно, во септември на Интернационален конкурс во Америка, во селекција на 25 престижни галерии и музеи во категоријата „Political Commentary“, беше селектирана како победник „American Art Awards 2020“.

0 Коментари

Остави коментари