Преставки кај струмичкиот правобранител за надоместокот за пренос и дистрибуција

Се поголем е бројот на струмичани кои реагираат до обдусманот за висината на надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Од канцеларијата во Струмица тврдат дека ги консултирале надлежните и закклучиле дека надоместокот е утврден од страна на Регулаторна со одлука на Владата. Сега тие поднеле мислење дека надоместокот за пренос и дистрибуција да се намали.

Првиот човек на Регулаторна комнисија уште еднаш побара секоја институција да дејствува во рамктие на своите надлежности и да не предизвикува сомнеж кај граѓаните. Зголемениот надоместок за пренос и дистрибуција е резултат на зголемените трошоци за набавка на енергија за покривање на техничките загуби во мрежата.

Реакциите се појавија откако од 1 јули со тарифниот модел во сметките за потрошена електрична енергија се појави и надомест за пренос и дистрибуција кој може да биде и поголем од потрошените киловати за еден месец.