Пресметки за зголемување на минималната плата - стопанството бара логистика од власта
Foto

Пресметки за зголемување на минималната плата - стопанството бара логистика од власта

Минималната плата што работодавачите ќе можат да ја исплатат за април ќе биде зголемена за 340 денари и ќе изнесува 12 500 денари. Ова се должи на усогласувањето на минималецот со трошоците за живот, порастот на економијата и на платите во целина. Но второто зголемување, што премиерот го најави во јануари, најверојатно ќе се случи во втората половина од годината.

Работодавачите се против. Велат дека усогласувањето од 340 денари е сосема доволно, зашто минималецот не треба да биде над 50% од просечната плата. Истовремено, реагираат и на задоцнетите исплати на субвенции.

„УЈП се правдаше дека има многу реформи, бидејќи има многу работа и немаат доволно време да ги пресметува сите тие субвенции, дури по ургенција на министерката за суптиционална политика, ние ги добивме субвенциите за септември. “ - изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Науката потврдува дека зголемувањето на минималецот ќе донесе повеќе пари и на тој начин ќе имаме раст на потрошувачката, а со тоа и на целата економија. Но треба да се внимава на негативните ефекти.

„Во економијата важи едно правило дека ако минималната плата се зголемува треба да се внимава на фидбекот односно повратното негативно дејство, во смисла на зголемување на стапката на невработеност.“ - изјави Томе Неновски, универзитетски професор.

Неофицијалните податоци велат дека минималната плата ќе се зголеми на 13 илјади денари. Но, до сега никој не ја потврди оваа бројка. Од Министерството за труд велат дека над 84 илјади работници се субвенционирани за минималната плата, со вкупна сума од 1 милион и двесте илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари