Пресек на неделата

Формулите на политичките математики не секогаш резултираат со точен исход. Правилото дека 1+1 е два не секогаш важи во политиката особено ако претендирате да водите партија. Природните и општествените науки не идат секогаш рака по рака па во зависност од тоа каков траг сте оставиле така и ќе ве препознаваат

Операцијата со дропки пак е уште покомплицирана особено кога треба да стигнете до потребните 2/ 3 за добивање парламентарно мнозинство откако веќе ќе го добиете мандатот да ја водите идната влада но веројатно после долго седење во опозициските клупи конечно сте ја научиле лекцијата па професорот ве наградил со повисока оценка иако се уште ви фалат 2 ца пратеници за да стигнете до 80

Сепак повторувањето е мајка на знаењето особено кога заклетвата ја давате на домашен терен. Добивањето мандат е како положена државна матура без препишување но одговорноста за тоа како ќе ја водите државата е ваша и само ваша па вие видете кој метод ќе го изберете за да ја оправдате.