Прераспределба на буџетот
"Приходната страна во Буџетот е на алармантно ниво, го банкротиравте пензискиот, а на пат е здравствениот фонд па сега ќе префрлате пари како државата да е гранапче." - Пратениците од опозицијата со остри критики за прераспределбата на финансии од буџетот.
Пратеникот од СДСМ Битиќи на денешната седница рече дека во Буџетот недостигаат околу 1 милијарда евра а сето тоа како продукт на недомаќинско работење.
Според планот на ресорното министерство над двеста милиони евра кои биле наменети за едно а не се реализирале ќе бидат пренеменети меѓу другото за Бехтел и Енка,за пензии, плати и породилно отсуство.Со празни обвинувања нема да добиете поени репицираа пратениците од Власта.
И министерката Кочоска останува на ставот дека Буџетот е во одлична кондиција и дека нема задолжувања надвор од границите за 2025.Според неа прераспределбата на буџетски средства не е ништо ново туку редовна вообичаена пракса.
Според министерката македонската економија и во третиот квартал бележи 3,8 отсто повисок раст и по економска активност се впишува на третото место зад Ирска и Данска.
Буџетот е во очајна состојба, ви недостигаат 875 милиони евра - го банкротиравте пензискиот фонд а го доведовте во прашање и здравствениот фонд па сега префрлате средства - опозицијата со низа обвинувања за недомаќинско работење на Власта на денешната седница за прераспределба на средства од буџетот. Министерката Кочоска уверува дека буџетот е во одлична кондиција нема задолжување надвор од предвидените за годинава а прераспределбата на средства е стара пракса.
53, 7 милијарди денари - ви недостигаат 875 милиони евра.

