Препораката на УНЕСКО виси на конец, ќе успеат ли Охрид и Струга да ги затворат депониите до 2020. година?
Foto

Препораката на УНЕСКО виси на конец, ќе успеат ли Охрид и Струга да ги затворат депониите до 2020. година?

На чекор до целосно отфрлање на стратегијата за изградба на регионална депонија во Дебрца, се понеизвесно е каде до 2020 година според Акцискиот план ќе се смести сметот од дивата депонија во Струга, но и најголемата во Буково? Струшките советници се на ставот дека властите немаат капацитет да го решат тој проблем и велат отпад на таа локација за жал ќе гледаме уште долги години.

Депонијата во Струга изминативе две години е на статус кво. Сметот не се пали, но на истата локација и понатаму се врши дотур. Иако се изгради претоварна станица таа не профункционира и три години после најавата дека депонијата ќе биде целосно затворена. Сега е апсолутно нејасно како нешто што не се направило за три години ќе успее да се санкционира за една!? 

Од општината не даваат никаква информација, а од комуналното претпријатие велат во моментот најважно е што тие имаат контрола врз депонијата.

Сметот и дивите депонии во охридско струшкиот  регион се една од поголемите забелешки на УНЕСКО кој покрај рушење на дивоградбите и заштита на природно културното наследство бара трајни решенија и за него.Препораката е изградба на регионална депонија според сите еколошки стандарди во која ќе се складира отпадот од целиот регион.

Предлогот на институциите беше таа да биде во селото Годивје, Дебрца, што наиде на отпор од жителите и градоначалникот Ногачески кој пред неколку дена информираше дека институцитите ја прифатиле жалбата и предметот е ставен на повторно разгледување од причина што стратегијата од почеток до крај била донесена во крајно нетранспарентна постапка.

0 Коментари

Остави коментари