Пренџов за ТВ 24: Земја членка на НАТО мора да го вклучи алармот за барател на државјанство

Љупчо Пренџов претседател на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ од ГРОМ во емисијата 24 анализа истакна дека има сивило и неуспеси за време на сегашната влада. Смета дека после пехот со безбедносниот систем, би имале децении на мир во безбедносниот сектор.

- Клучната работа во АНБ е што проблемот се виде пред два месеца. Има четири клана за борба во АНБ. Премиерот согласно уставот и закон добива редовни брифинзи од АНБ. Суштинските проверки на АНБ се прават во март, април и мај, а конечна седница ссе дава позитивно мислење за државјанството. Ние сме членка на НАТО и се што доаѓа со руски пасош мора да се провери сериозно. Премиерот требал да биде информиран за тоа зошто е баран Онишченко и кој го бара. - рече Пренџов.