Пренџов за ТВ 24: Не може низ превезот на државна тајна да ја скриеме личната и институционална неспособност на власта

Љупчо Пренџов од ГРОМ во емисијата 24 анализа вели дека како претседател на Комисијата за надзор на АНБ утре има комисија, за Онишченко и за дојавите за бомбите.

- Седницата исто ќе биде затворена. Ние како пратеници во Собранието не го правиме тоа приватно за нас, туку кон оние кои не плаќаат, а тоа се граѓаните. Не може да се прави нешто постојано, паниката е на високо ниви  и не може никој да не ја смири јавноста, а кога ќе побараме информација, тоа да биде државна тајна. Не може низ превезот на државна тајна да се обидуваме да ја скриеме личната и институционална неспособност на оние кои се нарекуваат власт. - вели Пренџов.