Пренџов за ТВ 24: Имаме сериозен и манипулативен буџет кој треба да се повлече и да се доработи

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во емисијата 24 Отворено рече дека сака да ја отвори бројката врз која се прави буџетот, односно бројката на растот на БДП.

- Она кое нас ни бесе сервирано во Собранието е дека ќе имаме 2.5% раст на БДП. Истиот ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска вели дека оваа година ќе биде година на раст на економијата, следната вечер и премиерот рече дека  ќе расте економијата. Ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе има раст на 2.9% раст на економијата и за тоа гласаат, и истовремено кога слушаат дека ќе имаме 2,3% имаме сериозен и манипулативен буџет кој треба да се повлече и да се доработи. - рече Пренџов.