Пренџов за тв 24: Граѓаните не плаќаат да имаат подобар живот, а не да лечиме лични суети и фрустрации
Foto

Пренџов за тв 24: Граѓаните не плаќаат да имаат подобар живот, а не да лечиме лични суети и фрустрации

Љупчо Пренџов од ГРОМ во емисијата 24 анализа изјави дека според него вест на денот вчера е задолжувањето на Македонија за 700 милион евра. Треба да се дискутира за проблеми кои засегаат целни групи од производството и дека кај нас нема целна група која е задоволна од владата.

„Што од нас пратениците очекуваат граѓаните? Многу е важно да бидеме објективни и да кажеме дека власта не работи во интерес на граѓаните.“ - рече Пренџов.

Потенцираше дека петиот пакет мерки се уште не е дојден во Собранието и Заев како премиер кој се грижи за интересите на народот, требал наместо да бара доверба од владата, требал да го искористи присуството на 62 пратеници и прва точка на дневниот ред да биде пакетот на мерките, односно како граѓаните да имаат подобар живот. Нас граѓаните не плаќаат да имаат подобар живот, а не да лечиме лични суети и фрустрации, рече Пренџов.

0 Коментари

Остави коментари