Пренџов за тв 24: Договорот нема да се потпише до 8 декември
Пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов во 24 анализа вели дека со именувањето на Владо Бучковски за претставник на Бугарија се заобиколува Бујар Османи и се покажува целосен неуспех на преговорите со Бугарија.
„Многу е помалку важно што е Бучковски назначен и што неговите ставови ни се познати од 2013 година и тој не се срами да ги каже. Важно е дека граѓаните се излажани со она што требаше да го смениме името и две години потоа пак не можеме да влеземе во ЕУ. Политиките на оваа влада предводени од Заев доживува фијаско на јавната сцена. Договорот нема да се потпише до 8 декември.“ - рече Пренџов.
Тој потенцираше дека после ова премиерто нема да има било каква политичка игра, зошто преговорите се неуспешни и договорот е нефункционален и нашата и бугарската влада го читаат на свој јазик. И тој договорот нема никаква правна важност.
„Грешките на владата ги плаѓаат народот и тој ќе тапка на место и ќе се враќа назад.“ - рече Пренџов.