Пренџов ќе бара од собраниските служби да го види извештајот на МВР
Извештајот на МВР за тоа како протече снимката во Собранието од отчетот на директорот на АНБ Виктор Димовски е готов.
Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов и денеска најави дека бара од собраниските служби да го види извештајот но и очекува собранискиот спикер Џафери да ја одблокира работата на Комисијата за да може да продолжи.
Од кабинетот на претседателот на Собранието нема одговор.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека на следната владина седница ќе бара да отпочне постапката за одземање на македонското државјанство на украинскиот олигарх.