Премиерот Заев во Берлин – утрешната средба со Меркел пресудна за иднината на владата и за евроинтеграциите
Foto

Премиерот Заев во Берлин – утрешната средба со Меркел пресудна за иднината на владата и за евроинтеграциите

За кои сценарија Меркел ќе даде зелено светло на премиерот Заев кој денеска отпатува во Берлин за уште еднаш да побара поддршка од германската канцеларка во пресрет на јунскиот самит и очекувањето дали земјава ќе добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Заев и вчера во емисијата Отворено на ТВ 24во предворието на четврточната средба со Меркел со порака Р. С.Македонија го испорача она што ЕУ го побара, сега е на потег унијата од која во голема мера ќе звиси и развојот на настаните на домашната политичка сцена .

Евроскептицизмот пак е реалност и тој се уште постои кај одредени членки во унијата но резултатите кои земјата ги испорача бараат таа да добие посебен третман за разлика од останатите земји аспирантки од Западен балкан оценуваат аналитичарите.

Поранешниот амбасадор Нано Ружин пак очекува позитивни сигналиод средбата со Меркел, а отворените можни сценарија за кои се говори на домашен политички план почнувајќи од реконструкција на влада па се до враќањето на мандатот од страна на Заев ги гледа како инструмент за лобирање пред европската и меѓународна јавност иако не ги исклучува како можна опција .

Средбата Заев - Меркел доаѓа во клучен период кога во европската јавност се повеќе се дискутира и за можното кандидирање на Меркел за претседател на Европската комисија. Ова пак ќе го зајакне нејзиното влијание врз евентуалното проширување на унијата а нејзините ставови за многу прашања може да бидат клучни додава Ружин. Поддршка за нејзиното кандидирање безрезервно вчера даде и претседателот на Франција Макрон .

Средбата Заев - Меркел во фокусот и на германските медиуми. Пред само некој ден Зи Дојче Цајтунг повикувајќи се на извори од опозициските пратеници во германскиот Бундестаг пишуваше дека Меркел и не е така одлучна за давање датум во јуни на Р. С. Македонија да ги почне преговорите со унијата и истиот медиум ја дефинираше како кочничар на евроинтеграциите на нашата земја. За Заев пак овие информации и ставови на Меркел се стари и рече дека успесите кои земјава ги направила Меркел ги чувствувала како свои успеси.

0 Коментари

Остави коментари