Премиерот Заев нема да го дочека решавањето на спорот со Бугарија како претседател на влада

Шесте месеци рок за договор помеѓу Македонија и Бугарија кои се спорни како временски рок за претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Османи се договорени и усогласени помеѓу премиерите Заев и Петков, потврдува самиот Заев за ТВ24.

Дали претседателот и министерот за надворешни работи не се информирани од премиерот е нејасно но Заев објаснува дека земјава ги пратила сите одговори на 5-те бугарски барања за земјава и верува дека се надминати сите недоразбирања. Сепак Заев додава дека тој како премиер нема да го дочека решението, туку ќе го остави на својот наследник Ковачевски.

Како што ТВ24 веќе објави од неофицијални владини извори, првата посета на странски државник на новиот премиер Ковачевски се планира да биде токму од неговиот бугарски колега Петков, со што во пракса би почнала поинтензиваната соработка меѓу двете земји после Нова година. Според последните неофицијаолни информации од дипломатски извори 

Бугарија, како и при првата расправа за Македонија во ЕУ, на последниот министерски состанок приложила нов документ , т.е. национална изјава како дополнение на заклучоците што беа усвоени од министрите. Во документот не само што немало помирливи позиции туку во некои делови имало и поригидни, како барањето усвојувањето на преговарачката рамка да не значи автоматски одржување на меѓувладината конференција.

Така Бугарија објаснува дека делот во кој се вели дека „со нетрпение се очекува одржување на првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка“ не значи дека одобрување на рамката по автоматизам ќе води до одржување на прва меѓувладина конференција.