Премиерот Заев на Самит на ЦЕИ во Рим
Foto

Премиерот Заев на Самит на ЦЕИ во Рим

Премиерот Зоран Заев денеска во Рим ќе учествува на средбата на шефови на држави или влади на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

– Претседателот на Владата на самитот ќе учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата, соопшти владината прес-служба.

Во Централноевропската иницијатива се опфатени 17 европски земји: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

Од 1 јануари 2020 година претседавањето со ЦЕИ ќе го преземе Црна Гора.

0 Коментари

Остави коментари