Премиерот Мицкоски за “5те тони марихуана“ - да ја почекаме истрагата

Како е можно 5 тони марихуана да помината преку граница –  низ филтерот на царината и полицијата ?  На прашање на ТВ 24 премерот Христијан Мицскои воздржано возврати –  да се почека истрагата . 

Христијан Мицкоски, премиер на Македонија

- За петте тони дрога што завршија во Србија опозицијата имаше прашање до власта како е можно толкава количина дрога да премине преку граница? Од каде знаеме дека поминала од Македонија? Па така тие тврдат? Да се воздржиме од тврдења? Јас би се воздржал од било какви тврдења додека истрагата не даде резултати, истрагата ќе даде одговор на сите информации кои се информации а голем дел се и дезинформации.

Дали МВР и Царината започнале со постапка за внатрешна контрола со оглед на тоа што овие две институции се клучниот филтер на граничните премини. Од МВР не потврдуваат дека  спревдуваат интрена контрола -  кратко одговорија. 

МВР

- МВР под раководство и насоки на јавен обвинител од ОЈО ГОКК презема дејствија во насока на расчистување на случајот за кој прашувате.

Од царина велат дека чекале официјални податоци за да постапат 

ЦАРИНА 

- Царинска управа ќе ги изврши потребните проверки во моментот кога ќе ги добиеме официјалните податоци. Притоа, апелираме да не се шпекулира со податоци кои не се потврдени од официјални институции. 

Вонрената контрола во фирмира во скопска Кисела Вода „АлфаФарм“ која ТВ 24 веќе ја обајви пред неколку дена  е завршена – но  минситерство за здравство се уште не ги соопштуваат деталите.

Азир Алиу, министер за здравство 

- Ништо не можеме да кажеме во овој момент процедурите се активнио, работиме во овој момент со Министерството за внатрешни работи и можеме да кажеме дека групата, заедно со групата од МВР работат и се во тек со процедурите. Дозволете да им дадеме време и министерот за внатрешни работи да излезе  со  податоците од истрагата.

За големата нарко-афера, од српското јавно обвинителство покренаа истрага против петмина осомничени, на тројца од нив им веќе им е определен притвор, а еден е во бегство.Тие се товарат за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Според информациите од српските истражни органи, марихуаната преку државната граница ја пренесувал косопственикот на фабриката во Македонија Иван Драгниќ , кој ја доставувал до складиштето на Раде Спасојевиќ и Небојша Спасојевиќ , од каде  за  понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски. Организаторот  на криминалната група, Александар Мијајловиќ е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Фирмата во која требало да стигне марихуана била во сопственост на пратеник од владејачката Српска напредна странка.

Предмет за големата нарко-афера отворија и од основното јавно обвинителство во Македонија. Според информациите на Телевизија 24, предметот ќе го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Ќе се истражува дали во Македонија постојат организирани групи поврзани со нарко аферата.

Покрај марихуаната, полицијата во Србија запленила и 4 автоматски пушки, рачен фрлач и повеќе од 1,5 милиони динари, а вредноста на дрогата се проценува на околу 50 милиони евра.