Премиерот Мицкоски во ноќна прошетка во инспекција на контејнерите и светилките во центарот на Скопје
Скопје е почисто, а на сите бандери има поставено светло. Премиерот Мицковски откако градоначалникот Ѓорѓиевски го прошета низ центарот се пофали со хигиената на плоштадот и кејот на Вардар.
Обиколката и контролата по исчистените плочници и сменетите сијалици ги преточи и во видео спот. Со првиот човек на Скопје Ѓорѓиевски разговараа како да се најде чаре и за нови контејнери.
Поголема хигиена во градот беше едно од најголемите предизборни ветувања на таткото на Скопје. Неговиот лидер Мицковски за време на обиколката изјави дека акцијата била успешна оти Ѓеорѓиевски покажал лидерство.
На крајот од прошетката Мицковски порача центарот пред Нова година година да биде тип топ Премиерот продолжи кон градскиот парк, а по пат срамежливо ѕирна низ затворените врати од уништениот Луна парк.
По акцијата градските власти одлучија од денес да го ограничат фрлањето на смет. Секој кој ќе фрла смет од 22 00 до 6 часот ќе биде санкциониран, а за тоа ќе бидат задолжени над 50 инспектори и комунални редари.
За новата одлука од Зелен хуман град со остра реакција.
Зелен Хуман град
„60 инспектори и комунални редари ќе нè контролираат за тоа како ќе го фрламе ѓубрето, додека се отрувме од аерозагадување овие денови и ќе се труеме цела зима“,
„Очигледно е дека за новата градска администрација контејнерите повеќе загадуваат отколку индустријата“
Непочитувањето на мерката ќе ги чини жителите на Скопје 50 евра, а за фирмите се предвидени казни и над 1800 евра.

