Премиерот Мицкоски: Владата направи се за стабилизирање на состојбата во Гостивар, вината е кај локалната власт, СДСМ бара јавно да се објави анализата

По речиси цел месец незивесност - гостиварци конечно ја поминаа првата ноќ со вода за пиење. По голготата со водоснабдувањето чешмите повторно протекоа, а граѓаните добија вода од градскиот водовод.

Премиерот Мицкоски во првата изјава по враќањето од екскурзијата во Белгија , за обвинувањата од опозицијата вели дека  одговорноста за кризата во Гостивар е во локалната власт и претпријатие, а владата направила се што е во нејзина надлежност.

Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

„Ние во Владата дадовме сè што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега односно за помалку од четири недели комплетно е прочистен системот како никогаш досега. Ние како Влада обезбедивме преку четири недели, секој ден, од два до три шлепери вода, тоа се приближно 50-60 тони вода за пиење додека не се прочисти системот и додека параметрите не дојдоа на задоволителното ниво, а веднаш по првата недела обезбедивме техничка вода која можеа да ја користат граѓаните на Гостивар. Од овој момент па натаму грижата е целосно кај јавното претпријатие кое дава таква услуга – водовод во Гостивар “

Опозициската СДСМ пак денеска директно го прозва јавниот обвинител Ненад Савески – да одоговри зошто и по пет недели нема утврдено кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Од опозцијата чекаат дали ќе се постапи и по кривилната пријава за министерот Клековски и за уште тројца директори од здравството.  Побараа јавно да се објави извештајот од анализите кои потврдуваат дека водата може да се пие.

Маја Борозан – СДСМ

„Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано. Како до вчера,20 август, а денес нагло сè е во ред? И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење. Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.“

Гостивраци имаат вода за пиење од јавниот водовод од вчера а настанот беше одбележан со здравица.  

И додека во Гостивар повторно протече питка вода, во Скопје се истражува ширењето лажни информации дека водата е небезбедна и содржи бактерија. Премиерот вели дека Владата уште ден претходно имала информации за вакво сценарио и ги обвини опозициските партии  се обиделе да создадат хистерија. Очекува, со измените во Кривичниот законик, ваквото однесување односно, како што рече своевиден хибриден напад да биде санкционирано.

Додека Гостивар пие вода од јавниот водовод, во Скопје се бараат виновниците за дезинформирање на јавноста – граѓаните на Демир Капија добија забрана за користење и за пиење на водата од јавната мрежа поради загаденост. Информaцијата ја соопштија официјално од локалното јавно претпријатие.