Премиерот Мицкоски: Ние ќе се повлечеме од набавка на авион и ќе се молиме да останеме живи

Владата ќе се повлече од набавката на нов авион, а во меѓувреме ќе се молиме да останеме живи. 

Премиерот Мицковски со одговор по серијата критики од опозицијата - дека власта планира да се луксузира со набавка на ново летало.

Мицковски вели дека лидерот на СДСМ Филипче не стоел на зборот кој на последните средби со него јасно кажал - дека набавката на нов авикон не требало да биде тема оти истиот ќе се користел и за хуманитарни цели.

Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен, одговорија од опозицијата. 

А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови, посочи опозицијата.

Пратеничката Јованка Тренчевска пак од собраниска говорница со прашање?

Ако веќе владата се откажува од набавка на авион парите нека ги пренасочи за зголемување на платите на работниците. 

Темата нов владин авион повторно ја отвори минатата недела директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тој најави дека Владата размислува да изнајде начин за набавка на нов авион - бидејќи сегашниот е со постојани дефекти 

Но и стариот авион според службата често се користел од владините функционери - над 40 пати за период од 18 месеци.

Мицковски пак одговори дека со владиниот авион летал 4 пати. Бил на службени патувања до Белград, Будимпешта, Тирана. Но владиното летало го искористил и кога бил на одмор во Хрватска откако го пропуштил комерцијалниот лет. 

Изјава Христијан Мицковски премиер на Р.М

Владиниот „Лирџет 60“ е во употреба од јануари 2005 година. Станува збор за бизнис‑авион со долет до средни дестинации.