Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките на Лајен, СДСМ бара од него да каже како понатаму
Мицкоски не е задоволен од пораките на фон дер Лаејн за уставни измени - не очекува Бугарија да ја одбие понудата за билатерална средба.
Разговорот со шефицата на Европската комисија го оцени како позитивен, пријателски и конструктивен. Сепак, Мицкоски не е задоволен од пораките на фон дер Лајен за промена на Уставот, за која вели дека е прифатена од претходната влада. Ова се процеси кога имате квислинзи кои што распродаваат и патриотска влада која ја сака државата и ќе го врати изгубеното, порача Мицкоски.
Изјави: „Стигнавме до разговори со Софија, само треба време“, но нема информација за одговор од Бугарија.
Христијан Мицкоски премиер : Доколку одбијат, тогаш уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези кои што ние ги имаме и за што сме загрижени. Не очекувам, не би било паметно да одбијат, но во ред. Тоа си е нивна суверена одлука, не е тоа наша одлука. Јас добив конструктивен совет од претседателката. Претседателката апсолутно беше во право кога го предложи ова, да го замолам министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба на маргините на состанокот повод Коридорот 8. Јас тоа го сторив, бидејќи ценам дека претседателката апсолутно беше во право кога го предложи тоа Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи – што понатаму. Јас немам информација дека до овој момент има одговор.
Македонскиот идентитет, јазик и култура се признаени во ЕУ, Мицкоски да каже како ќе деблокира процесот, прашаа од опозициската СДСМ.
Богданка Кузеска, СДСМ : Мицкоски бараше медијација од ЕУ, тоа не го доби, наместо тоа доби порака да оди и да се обрати на Бугарија. Билатерана средба значи полоши позиции за Македонија. Се сведува на проблем помеѓу Македонија и Бугарија и ЕУ нема веќе да го третира како да е прашање на Унијата, не оставаат во раце на Бугарија. Фон дер Лајен точно кажа: Одбликарајте го процесот, патоказ дури тогаш ќе добие Македонија. Во спротивно Македонија останува надвор од ЕУ. Како Мицкоски ќе го деблокира процесот.
А од владиниот коалиционер ВЛЕН велат дека Брисел позитивно ги оценил реформите во земјата.
ВЛЕН : Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.
Мицкоски денеска најави дека во ноември двапати ќе отпатува во Брисел – првиот пат на настан кај еврокомесарката за проширување Марта Кос, а вториот на регионалниот Самит на ЕУ со Западен Балкан.
По средбата Мицкоски – фон дер Лајен, бугарските медиуми денеска, пак, пишуваат дека на Македонија ѝ е пренесена јасна порака – ќе продолжи по европскиот пат откако ќе ги стави Бугарите во Уставот.

