Премиерот Мицкоски најавува новини во историската комисија за Бугарија, но и за Грција

На следната владина седница најдоцна  таа после неа веќе ќе биде избран новиот состав од македонска страна на мешовитата историска комисија вели премиерот Мицкоски . Тоа значи дека  следната работна средба која е закажана за на 18 и 19 ти септември ќе биде со новиот состав . Премиерот Мицкоски денеска најави и нов тек на работењето кој ќе се однесува не само на нашиот источен сосед туку и како што посочи на јужниот , но имиња не откири бидејќи рече чекал да се врати министерот за надворешни работи од пат и да се прецизираат следните чекори . 

ТВ 24 го контактираше и копретседавачот од македонска страна Драги Георгиев кој исто така само кратко ни потврди дека независно од одлуката на владата нивниот мандат истекува на 15 септември иако како што рече кратко официјално образложение досега од властите не добиле .

 Она што можам да ви го кажам е дека на 15 септември истекува мандатот на членовите на комисијата . За информациите дека ќе има промени дознаваме преку медиумите и изјавите на политичарите иако официјално нас никој не не информирал.

Сепак изминатиот период не изостанаа оние пораки кои преку медиумите ги упатуваше премиерот Мицкоски до дел од членовите на комисијата откако  го обвини претседателот од македонска страна Георгиев дека како што велеше се компромитирал и коленичел пред министерски и премиерски кабинети а Герогиев тврдеше дека во ниту еден момент не работел под политички притисок при носењето на решенија за сензитивните прашања . 

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Работеше со големи подеми и падови. Во 2021година, членот Ванчо Ѓорѓиев, чие име сега повторно се актуелизира  во јавноста, дека ќе застане на чело на новата Комсија, поднесе оставка во комисијата и обвини за притисоци од страна на МНР со порака до колегите да не ја „виткаат кичмата“. Екс министерот за надворешни  Османи тогаш демантираше дека се мешал во работата на Комисијата, а останатите членови беа изненадени од соопштението на Ѓорѓиев за неговата оставка. Од досегашното работењте на Комисијата  досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.