Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел
Македонската политика и македонскиот народ направија премногу жртви кога станува збор за евроинтеграциите на земјата, порача денеска претседателот на владата Христијан Мицкоски од самитот во Брисел на кој учествуваат земји од Западен Балкан.
За меѓусоседските односи со Бугарија и населението кое се декларира како Бугари во земјава, Мицкоски истакна дека станува збор за неколку стотини граѓани кои ги имаат истите права како и останатите граѓани, но смета дека нема ист реципроцитет за македонското население во Бугарија.
Претходно премиерот Мицкоски во Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Рече македонската страна ги повторила единствени позиции, достоинствени по сите понижувања во минатото, изминатите 25 години откако почна нашиот пат за приближување кон Европската Унија.

