Премиерата на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска во Њујорк
Во легендарниот IFC Center во Њујорк се одржи американската премиера на документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска.
Ова беше прва средба на американската публика со нашиот филм кој е кандидат за Оскар во категоријата документарен филм.
„Њујоршката премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ успешно се одржа во IFC Center.
Овој значаен настан, покрај поддршката од дистрибутерот и продукцијата, беше реализиран и со поддршка од Агенцијата за филм во рамки на кампањата за промоција на филмот пред оскаровските номинации, во клучен период и пред релевантната американска публика.
Публиката со огромен интерес ја проследи проекцијата, а веднаш потоа следеше разговор со авторите. Режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар лично присуствуваа и се обратија пред присутните.

