Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ поддршана од Македонски Телеком
На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски.
Претставата „Замисли нов свет“ е проект на Телеком во соработка со МНТ, а инспирирана од творештвото на нашиот најголем драмски писател Горан Стефановски, со кој ќе бидат заокружени активностите од иницијативата #направиместо за 2024 година.