Премиера на претставата „Круг“
Foto

Премиера на претставата „Круг“

По 16 години на сцената на МНТ режисерката Наташа Поплавска повторно се навраќа на темата љубов наспроти секс, по огромниот успех на Сината соба, во 2003та година, во сабота во рамки на Белата ноќ ,во 22 часот, премиерно ќе биде прикажана претставата „Круг“, едно од најиграните дела на австрискиот писател и доктор Артур Шницлер. Интимна и експлицитна, претставата е забраната за помлади од 18 години.

Режисерката неслучајно одбра да го понуди ова дело, кое се случува во доцните ноќни часови во големите метрополи, пренесено преку играта на интернационалната екипа, која низ десет интимни сцени, ќе влезе во креветите на десете ликови, кои како ланец се врзани во еден круг.

За младиот италијански актер, кои живее и работи во Берлин, ова е прва соработка со Наташа Поплавска и Дејана Попоска, уживајќи во претстојот во Македонија, ужива подеднакво и во предизвикот да навлезе во чевлите на петте ликови во затворениот Круг .

За него, воедно ова е и прво улога во дело на Артур Шницлер, автор кој е инспирација на многу автори, но и близок пријател на Сигмун Фројд. Дејана Попоска, која во моментов живее и работи во Париз, и повеќе е ангажирана на филмското платно, ужива во можноста повторно да се врати во театарот, понудата да игра во оваа претстава ја добива пред 2, 5 години, кога таа сеуште се чуствува млада и неподготвена за ваков предизвик, но ова е моментот кога таа е спремна да одговори на оваа понуда и да го даде максимумот во ликовите кои ги игра на сцената.

Публиката ќе може да ги запознае сите 10 ликови на сцената и да се соживеат и препознаат со сите овие испреплетени ликови и емоции, онака како и самите актери ги доживееа во процесот на подготовка.

Претставата се игра на англиски јазик, со македонски превод, следуваат нејзини изведби во Рим и Берлин, а за утрешната премиера, која се игра во рамки на „Белата ноќ“, билетите се бесплати и може да се подигнат во сабота по 12 часот до почетокот на претставата во 22,оо часот.

0 Коментари

Остави коментари