Премиера на новата младинска претстава „Едвард раце ножици“

Приказната зa човекот со раце ножици, кој неговото опкружување не може да го прифати, стана популарна кај младинската публика низ целиот свет во 90те години од минатиот век. 

Низ ликот на Едвард се претставени различностите кои наидуваат на не прифаќање, осудување и изолирање на луѓето кои се во нешто поинакви од останатите, како таква оваа тема е инспирација за младата режисерка Нела Витошевиќ за драматизација на текстот и поставување на младинската сцена во Театарот за деца и младнинци, со која започнува и новата сезона.

ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ е култен филм на познатиот американски режисер Тим Бартон, кој како режисер има оставено голем белег врз режисерката Нела Витошевиќ, на која токму и овој филм има оставено силен печат, а таа со оваа претстава посакува исто влијание и врз младинската публика, за која прв пат има можност да работи на сцената на театарот за деца и младинци.

Низ процес на креативна соработка, со голема актерска екипа, месец и половина се работеше на подготовката на оваа претстава која навлегува длабоко во проблемататиката на третирање на различностите во нашето општество.

Во низата на настани, раскажани од ликовите во претставата се отсликува малограѓанштинта на жителите од градот, нивната конзервативност и неможност да се соочат со различноста.

Премиерата на „Едвард раце ножици“ е закажана за утревечер во 20 часот, додека на репертоарот е стандарно во терминиот за младинската публика, секоја среда во 20 часот.