Премиера на играниот филм „Соучесници“

Во киното „Синеплекс“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Соучесници“ - копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Автор на сценариото е Огњен Обрадовиќ, режисер е Марко Новаковиќ, кинематографер  Бојан Ракиќ. 

 „Соучесници“ е  психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.