Преку законски измени ќе се вработуваат странци и сезонски работници

Се олеснува процедурата, се зголемува квотата за увоз на стрнаски работници во земјава. Ова го предвидуваат имените на Законот за вработување и работа на странци, кои денеска го помина комисискиот филтер во Собрание. Предлагач на измените е Владата, а според новиот текст, во земјава ќе можат да работат странци, не повеќе од 5 отсто од вкупно вработените граѓани или околу 35 илјади. Ова е многу повеќе од досегашната квота. Се олеснува и процедурата за вадење работни дозволи, па така, Агенцијата за вработување ќе мора да одговори на барањата за 5 дена од поднесувањето. Бизнисот задоволен од измените. Ангел Димитров од Конфердерацијата на работодавачи вели дека подолг период бараат олеснувања.

Во исто време, студенти, пензионери, невработени и корисници на социјална помош ќе можат легално да работат сезонски работи, како чување деца или стари луѓе, без да ги изгубат правата на стипендија, пензија или надоместок за невработеност. Новиот закон кој ќе ја регулира сезонската работа треба да стави ред во оваа област. Работниците кои ќе бидат сезонски ангажирани, ќе добијат пензиско и здравствено осигурување.

Предлагачи на законот се пратеници и од власта и од опозицијата. Со него за првпат се дозволува работа и за малолетници под 18 години, но само ако ги исполнуваат условите за работен однос. Законот ќе важи и за чистачки, аниматори, келнери, собарки, готвачи, како и за сезонските берачи на овошје и зеленчук. Од Агенциите за посредување на работа во странство велат дека овој закон ќе го намали, но нема да го спречи одливот на работна сила од земјава.