Преку медијација до решавање на споровите

Последниве две години во земјава има напредок во бројот на предмети решени со медијација. Медијацијата може да придонесе да се подобри сликата во судството во поглед на евроинтеграциите, затоа што таа во европските агенди, е еден од клучните елементи и „еден од столбовите на кои се потпираат натамошните реформи во правосудството на ниво на Европа“- ова беше еден од заклучоците на проектот „Медијацијата и бизнисот – бизнисот расте ако спорот се реши брзо“ по повод европскиот ден на граѓанска правда.

Комората на медијатори бележи над две илјади предмети за 2017/18 година што покажува дека напорот на медијаторите може да донесе резултати.