Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода

 Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Прекинот ќе трае до завршување со работните активности, информира претпријатието.