Прекин на договорот за автопатот Кичево-Охрид – причина и последици

Помина една деценија, вложени се 600 милиони евра а досега не е пуштен ниту еден метар автопат. Почнува теренската ревизија на патната траса Кичево-Охрид. 

Зошто по 10 години тапкање во место – власта сега најавува можно раскинување со кинескиот изведувач Синохидро? Има ли политика во ваквото сценарио? Засега официјално е дека премиерот и вицепремирот најавија ревизија, односно и можно непродолжување на договорот.

Неофицијално кинески претставници од компанијата денеска сакаат итна средба,  но, што ќе произлезе од разговорот, последната одлука ќе ја има Владата. 

Минатата недела застаре и кривичното гонење во предметот „Траекторија“ во кои обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот директор на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Автопатот започна да се гради на 22 февруари во 2014 година, а рокот за завршување до 2018 година. Кредитот за оваа капитална инвестиција беше земен од кинеската банка „Ексим“ и државата треба да го врати за 20 години.

За тоа каква ќе биде судбината на автопатот Кичево-Охрид вечерва гледајте 24 анализа со Анета Додевска.