Преговори за влада - додека се чека одлука за премиер, се делат функции во пониските ешалони
Foto

Преговори за влада - додека се чека одлука за премиер, се делат функции во пониските ешалони

3+1, односно Зоран Заев да биде првите три години  премиер, а Насаер Зибери последната. Ова е компромисот кој што како што брифираат за тв 24 извори партиски извори, вчера Ахмети го  ставил како можно решение на маса.

Дека ДУИ е подготвена за ваков маневар тв 24 веќе објави. Сепак според истите извори Заев ни во овој предлог засега не гледа можен компромис. СДСМ останува на позицијата дека премиерската позиција е резервирана само за Заев.

Прашањето останува отворено, а двајцата лидери треба дополно да ги преспијат, но и изанализираат аргументите што си ги кажале на вчерашната средба. Дотогаш нивните секретари треба да ги испеглаат разликите кои остануваат на другите полиња. Според информациите на тв 24 освен за  премиерското место, на маса се нашле и позициите, особено во третиот ешалон. 

Не се исклучува ДУИ да ги добие првите позиции во МЕПСО, Државни патишта, УЈП, а за СДСМ да останат царина, Македонија пат, Министерството за транспорт и врски. 

Во планот на Ахмети, според неофицјалните информации се е и МВР, одбрана или генералштаб, како и финансии, вицепремиер за економија. Министерството за правда за кое и Заев и Ахмети велат дека ќе биде клучно во новиот мандат е посакувано и на Бихачка и во Мала Речица. 

Официјално и во СДСМ и во ДУИ молк, само велат преговорите на различни нивоа продолжуваат, откако принципите биле утврдени. 

- Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор. - велат од ДУИ. 

И додека според најавите Љупчо Николовски и Артан Груби ги чека уште ееден жежок политички викенд, од  албанската опизција денеска, откако вчера не му дојдоа на средба на Ахмети му порачаа дека има само една опција. Насер Зибери да стане премиер во спротивно ДУИ да оди во опозиција.

Своето преговарачко време го чека и Христијан Мицкоски. Рокот кој што го има Заев истекува на втори сепртември. Дотогаш, треба предлогот за нива влада да биде доставен до Собранието, но и да биде избран претседател на законодавниот дом којшто ќе ја свика седницата за избор на новата влада. Доколку Заев не успее да формира влада, го враќа мандатот, следен за составување влада е Христијан Мицкоски.

0 Коментари

Остави коментари