Преговори за проширување на владејачкото мнозинство, Алијанса со “една нога“ во влада

По Таравари и Гаши очекува средба со Ковачевски за да стане појасно кои ќе бидат следните чекори кои Алтернатива ќе ги превземе како одговор на прошитувањето на владиниот т.н проевропски фронт.

Партијата и денеска но и на наредните работни внатрепартиски средби може да дискутира за овие теми но конечна одлука велат ќе изнесат откако Ковачевски и официјално ќе го повика нивниот лидер Гаши на разговор.

- Очигледно е дека разговорите помеѓу АА и СДСМ се во напредна фаза и се оди кон конечен договор. Имајќи предвид дека премиерот вчера најави дека во наредните денови ќе има средба со Алтернатива во овој момент не се чувствуваме повикани да коментираме било што . Сметаме дека во овој момент не е коректно да лицитираме преку медиуми. Сите евентуални дилеми во врска со коалицискиот договор од пред 12 месеци Алтернатива ќе ги расчисти директно со СДСМ па дури потоа ќе заседаваат централните органи на партијата и ќе усвојат конечен став за понатамошните чекори .

Од СДСМ пак веќе најавија средби и со коалициските партнери во текот на наредниот период откако вчера заседаваше и Извршниот Одбор на партијата по средбата која Ковачевски ја имаше со Таравари.

И додека на големо се преговара и веќе се шпекулира за одредени министерства кои би можеле да ги превзеде Алијанса како министерството за правда и образование и двајцата актуелни министри Тупанчевски и Шаќири велат не стравуваат за своите позиции но кога ќе дојде време за тоа ќе се дискутира внатрепартиски и коалициски

Коментирајќи ги актуелните преговори за проширување на владиниот состав лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак вели и во случај да нема услови за предвремени парламентарни избори периодот до наредните редовни не очекува да се случат некакви значајни промени независно од преговорите кои Ковачевски ги води со најголем дел од лидерите на партиите од албанскиот блок.

Иако и вчера Ковачевски и Таравари се сретнаа сепак и натаму не откриваат детали дали и за кои министерства се разговара иако во јавноста на големо се шпекулира за правда, здравство , образование, а не се исклучува можноста во игра да бидат и информатичко општество или животна средина.