Преговори за повисок минималец
Минималната плата од 18.000 денари и понатаму во фокусот. Повлечи - потегни, кога е во прашање одврзувањето на „ќесето“ за да се зголеми минималецот за работникот.
Премиерот, Димитар Ковачевски и денеска на ставот дека треба да има зголемување на платата ама без да искалкулира за колку треба да се зголеми, односно не кажа дали е за минималецот да порасне на 18.000 денари.
„Местото каде тоа треба да биде кажано е ЕСС и таму треба да биде кажано и договорено од страна на сите социјални партнери. Во ЕСС имаме претставници на работниците кои заслужуваат да им се вредува трудот, но тука се и работодавачлите чие мислење треба да се слушне бидејќи минималната плата секогаш е поврзана со зголемувањето на продуктивноста на трудот.“ - рече премиерот Димитар Ковачевски.
И министерката за труд и социјална политика на ставот како и премиерот, но Тренчовска посочува дека минималната плата ќе биде зголемена но без да каже за колку ќе биде покачена.
„За нас како Влада подобрувањето на економскиот статус на работниците е врвен приоритет и минималната плата ќе биде зголемена, меѓутоа секоја политика која што се носи, а е во интерес на подобрувањето на работничките права и е поврзана со трудот мора да минува низ економскиот совет.“ - вели Тренчевска додавајќи дека верува дека денеска во 19 часот со образложение, предлогот за минимална плата ќе биде прифатен од сите страни.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од Собрание порача дека е за зголемување на минималната плата согласно колективните договори, но и да им се даде поддршка на стопанството и работодавачите.
„Тоа значи дека освен што поддржуваме минимална плата, бараме и поддршка и за стопанството, работодавачите и зголемување на платите на веќе договореното. Тука се поставува логично прашање, дали државниот буџет има пари, јас велам да има пари но да се намали на криминали и на крадење. Тогаш може да с енаправи и прифаќање на колективниот договор со што и би се направило усогласување на платите со договорениот процент на деловна сложеност на работатните места.“- вели Бојан Стојкоски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од „Гласен текстилец“ сметаат дека минималната плата треба да е и повеќе од 18.000 денари, но се и против државата да им дава субвенции на фирмите.
„Сум за плата многу поголема од 18.000 денари, и тоа е реално, ако ја погледнете еве сега Црна Гора, значи покачена е платата на 750 евра, а тие имаа една од најниските минимални плати исто во регионот.“ - вели Кристина Ампева од „ Гласен текстилец“.
Според истражувањето на тројцата економисти, Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојков и Драган Тевдоски, Македонија е на петтото место според најниска минимална бруто плата во цела Европа.