Преговори за нова влада - кој прв до парламентарно мнозинство
Foto

Преговори за нова влада - кој прв до парламентарно мнозинство

Дали ДУИ и СДСМ се на чекор до компромис по клучното прашање кое ги забавува  преговорите - барањето на Ахмети за премиер-албанец?

По вчерашните информации од двете партии дека евентуалната коалиција ќе биде според Уставот, законите, но и изборните програми, аналитичарот Петар Арсовски оценува дека во моментов се преговара токму по тоа прашање. 

- Она што го слушаме е дека течат, но не се завршени и соопштенијата се во таа насака. Затворени се полесните прашања, а најтешките за крај, а тоа е инсистирањето за премиер-албанец, може да се толкува дека тие во моментот го договараат токму тоа. - вели Арсовски.

Етничкото потекло не смее да биде услов за позиција на власт, вели професорот Александар Спасеновски, бидејќи од тоа зависи  дали ќе ги зацврстиме или ослабиме темелите на парламентарната демократија.  Според него Али Ахмети не покажува знаци дека се откажува од изборното ветување за премиер-албанец, но нејасно е дали и во каква форма ќе биде прифатено. 

- Било каков компромис кој оди на линија на инаугурирање на етничкиот критериум е на штета на парламентарната демократија, но во политиката и за навидумн тешки, непремостливи прашања политичарите наоѓаат компромис, но сето тоа не може да помине без последици. - вели Спасенвски.

Во екот на преговорите за нова Влада, аналитичарите оценуваат дека партијата на Зоран Заев е во блага предност, пред Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. 

- Може да се каже дека почетните позиции се подеднакви, но фрекфенцијата на среќавањата дава слика дека СДСМ е нијанса предност пред ВМРО-ДПМНЕ, но политиката е непредвидлива.- вели Спасенвски. 

Али Ахмети се сретна и со Мицкоски и со Заев, но официјални детали нема. Вчера за прв пат ДУИ и СДСМ со брифинзи до медиумите порачаа дека разговарале за сериозна стабилна коалиција од 4 години, која ќе ги почитува сите соседски договори, домашните закони но и изборните програми. За жешката тема- премиер-албанец не беше напишано директно ни збор. Ахмети ги повика викендов на средби и лидерите од сите албански партии да застанат зад неговите позиции.

0 Коментари

Остави коментари