Преговори САД и Иран
САД водат „добри разговори“ со Иран и постои можност за договор, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вели и дека Техеран сака преговори бидејќи, како што рече, бил многу тешко погоден.
Доналд Трамп – претседател на САД
„Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред неколку дена. Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи“.
САД на 25 јули ја стопираа двонеделната кампања на воздушни напади врз Иран. Министерство за надворешни работи на Иран, пак, соопшти дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници и дека Техеран не се откажал од дипломатијата. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, разговараше за случувањата во Ормускиот теснец во одделни телефонски разговори со своите колеги од Оман и Саудиска Арабија.
ИРНА
„Министрите ја нагласија потребата од зајакнување на соработката и унапредување на заедничките дипломатски напори за воспоставување стабилност во регионот и решавање на неизвесноста наметната од агресивните дејствија на Соединетите Американски Држави во Ормускиот теснец“.
Оман му доставил на Иран предлог за заеднички регионален механизам за управување со Ормутскиот теснец со доброволни прилози. Според предлогот, кој има регионална поддршка, Иран нема да врши ексклузивна контрола врз виталниот воден пат. Во меѓувреме, резултатите од најновата анкета на „Ројтерс“ и „Ипсос“ покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војната со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп, не успеал јасно да ги објасни своите цели.

