Прегласување на седум избирачки места, одлучи ДИК - можни промени во пратеничките мандати
ДИК донесе одлука за прегласување на изборниот процес на 22 мај во шест избирачки места во петтата изборна единица и тоа две во општина Долнени, на две места во Крушево и по едно во Охрид и Струга. Прегласување ќе има и во едно место во 6 тата изборна единица односно во Желино.
Седницата денеска беше свикана веднаш откако во комисијата пристигнаа одлуките на Управниот суд а членовите гласаа но без присуство на потпретседателката Дитмирие Шеху.
Вчера Управниот суд ги отфрли како неосновани сите 7 тужби од Европскиот фронт кои беа поднесени против ДИК. Судот за тужбите расправаше на посебни седници во текот на вчерашниот ден до полноќ, а дел од одлуките предизвикаа низа реакции и меѓусебни партиски обвинувања.
Од коалицијата Вреди ја поздравија одлуката оценувајќи дека е во согласност со волјата на граѓаните.
- Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат. Промената започната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце (им 2101) во среда (22 мај) да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори. - велат од Вреди.
Од Европскиот фронт пак обвинија дека како што велат ова за нив било изборен инженеринг кој имал за цел да го промени бројот на пратениците на нивна штета а денеска и претседателството на ДУИ во Мала речица имаше состанок на кое ги разгледуваа одлуките за идните чекори.
- Овдека работата не е дали губи или добива два мандат Европскиот фронт. Ние ги добивме изборите на 8 ми мај, таа победа е запечатена, сите политички акробации, тајни договори во црвените подруми се неприфатливи и се за осудување, бидејќи одат чекор назад. Ниеден чекор назад не треба да се толерира туку сите страни треба да се освестат. Ние ги знаеме сите политички договори од црвените подруми и во иднина ќе излеземе со детали за сите договори и ќе ги демаскираме пред јавноста. - велат од ДУИ.
Пред некој ден со сличен став излезе и техничкиот премиерот Талат Џафери кој на прес-конференција исто така порача дека од учесници во изборите добил извештаи за обиди за изборен инженеринг со цел менување на соодносот на бројот на пратеници во Собранието.
Дека е жртва на клевети се жалеше и Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини дека наводно како што рече неосновани биле обвинувањата на институции дека тој вршел притисок врз судиите кои требале да одлучуваат по однос на тужбите но исто така и членовите на ДИК писмено реагираа и ги информираа институциите и јавноста дека врз нив се правел притисок при носењето на одлуките кои се однесуваат на изборниот процес.