Предвремените избори на маса, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
2027 може да е опција за предвремени парламентарни избори но фокусот е тие да бидат во редовниот термин пролетта 2028 се дообјасни денеска премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната изјава дека избори ќе има наскоро.
Денеска во изјавата за медиумите посочи дека 2026 секако ќе биде реформска година иако ВМРО-ДПМНЕ била спремна и за предвремени избори но крајната цел за сега останува тие да бидат пролетта 2028 во редовниот термин.
Од Бихаќка пак денеска од партиското седиште го прозваа Мицкоски дека му се брза за предвремени парламентарни избори поради како што велат стравот од истрагите поврзани со Орбан .Иако СДСМ веќе посочија дека и тие се спремни за предвремени избори .
Во врска со евентуалните предвремени парламентарни избори пак денесака одговарајќи на новинарски прашања министеропт Фатмир Лимани исто посочи дека сите се спремни за избори освен Вреди .
И албанските опозициски партии веќе ги изнесоа своите ставови откако Таравари му порача на Мицкоски да побара собранието веднаш да ги распише изборите бидејќи тоа било единствениот спас за албанците од Влена , а пак пак од партијата на Ахмети веќе посочија дека со нетрпение ги очекуваат парламентарните избори кога и да се случат .

