Предвремени парламентарни избори на 12 април, на 3-ти јануари технички премиер
Foto

Предвремени парламентарни избори на 12 април, на 3-ти јануари технички премиер

Датум за предвремени парламентарни избори и консензус за европска иднина. Лидерите на политичките партии вечерва пресекоа - 12 април е датумот кога граѓаните ќе одлучат кој ќе ја води државата во наредните 4 години. 

Изборите ќе имаат пржински модел, од 3 јануари ќе има нов технички премиер и нова техничка влада. Со овој датум на спроведување на избори нема да се закочи ниту процесот за ратификација на Протоколот за НАТО. Земјата прво ќе стане полноправна членка на воената Алијанса, па ќе одлучи кој ќе води во наредниот период.  

Лидерот на опозицијата порача дека изборите биле неминовни, подобивањето црвен картон од Европскиот Совет. Очекува победа по која Македонија ќе ја ставеле на брза лента. 

Да се испочитува датумот за изборите, па потоа ќе се разговарало за пописот, изјави коалиционерот на Заев, Али Ахмети. На иста линија со него беа Беса, Алтернатива и ДПА, додека лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села изјави дека не гледал проблем тоа да се спроведе и пред 12 април.

Вечерва сите кои учествуваа на лидерската, нагласија дека средбата била конструктивна и дека сите се согласиле дека државата треба и мора да има европска иднина. За Македонија не постоела друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, тоа значи без креативни решенија кои во иднина би биле понудени.

0 Коментари

Остави коментари