Предупредување за Германците: Објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

Германското здружение на градови и општини предупреди на можни големи прекини на струја во Германија поради енергетската криза и ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат препораките за цивилна заштита

Здружението објави список на залихи коишто секое домаќинство треба да ги има при рака во случај на прекин на струја, вода и гориво.

Сојузната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ги советува жителите дома да складираат средства за итни случаи за десет дена за да бидат подготвени за можни кризни ситуации.