Предпрвомајски дилеми: Скара или протест?
Скопје се испразни, вообичано како пред секој празничен викенд, дел од граќаните ја помина аграницата кон Грција, дел се вратија во родните места. Оние пак кои решиле денот на трудот да го поминат во пазарниот град имаат пред себе два избори, првомајски протест или првомајска скара.
Дел од граќаните ги затекнавме по пазарите. Тезгите полни со овошје и зеленчук, месарниците полни но цените предизвик за секој граѓанин. За едни прескапо за други прилагодливи цениДел се поќалија дека скарата ќе бие посна.
Синдикалците пак порачуваат, првомајските скари да се остават за други денови, утре е денот за да се излезе и да се изрази револтот кон владините политики. Од ССМ велат дека во услови на двоцифрена инфлаација и економска криза, функционерите со повисоки плати од 78% а за граѓаните замрзнати цени ова според синдикалците укажува на непочитувањето на правата на работникот што според нив е доволен мотив за утре да се протестира.
Во меѓувреме додека функционерите се договараат за да се договорат дали ќе се откажат од повисоки плати за 78 проценти, синдикалците пресметаа дека на четиричлено семејство претходниот месец за да преживее му биле потребни 811 евра.
Според синдикалците еден функционер покрива 2,5 синдикални минимални кошници, 1 работник не покрива ниту половина синдикална минимална кошница. Поради ваквата состојба, синдикалците ги повикаа работниците и граѓаните да се охрабрат и масовно да излезат со синдикатите утре и да го изразат своето незадоволство.

