Предлогот за разрешување Коцевски помина на влада

Министерството за правда што беше задолжено да го изготви предлогот за промена на првиот обвинител, беше предмет на дискусија на денешната владина седница и усвои.

Процес што може да трае од неколку недели или месеци согласно законската регулатива што претходно го потврди и премиерот Христијан Мицкоски.

Постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски преминува во следна фаза. Имено по усвојувањето на влада истиот ќе се поднесе до законодавниот дом, поради што гледаме од констатациите што следат.

- Од негова страна се направени крупни професионални грешки при раководењето со јавното обвинителство што доведе до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното Обвинителство, Неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон; Го нарушува угледот на јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. - Влада.

Партиите не мируваа и денеска кога се работи за разрешувањето на државниот јавен обвинител ги гледаме нивните изјави. 

На претходниот владин состанок на 11 овој месец се донесе едногласна одлука со задолжение на Правда да се отпочне постапката за одземање на функцијата на Љупчо Коцевски кој што беше избран лани со шест годишен мандат. Освен до собранието власта треба да го достави предлогот и до Советот на јавни обвинители. Ова тело имаа 15 дена за свое произнесување во случај да не се произнесат во тој период имаат уште 15 дена за свое мислење.