Предлогот за новиот владин кабинет во вторник, на 18 ти јуни, пред пратениците

Мицкоски ја официјализираше и конечно владината коалиција која ја сочинуваат коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ , Вреди и ЗНАМ . Ова е прва официјална потврда  која ја дава Мицковски во изјава за медиумите со која е направена јасна дистинкција на политичките сили во законодавниот дом каде пак како опозиција ќе делуваат СДСМ, ДУИ и Левица .Во пресрет на престојниот викенд поточно во недела кога ќе треба да ги свика и партиските органи Централниот и Извршниот комитет се уште се кршат внатрепартиските копја околу одредени имиња за кои се шпекулира дека ќе седнат на министерските фотелји . Особено е нејасно околу Александар Николовски чие име се спомнуваше и како иден министер за Транспорт и врски но и евентуален вицепремиер . Сепак Мицковски денеска во изјавата се уште не конкретизираше околу имињата.

И додека се очекува изборот и официјализирањето на новата влада  на новинарско прашање дали ДУИ се помирија со фактот дека ќе делуваат како опозиција денеска министерот за надворешни работи во заминување  Бујар Османи посочи дека на изборите граѓаните ним им го дале легитимитетот и дека тие треба да бидат дел од Владата.

Димитар Апасиев пак вчера на својот Ф.Б профил напиша дека Таравари ќе поставел вицепремиер албанец за добро владеење кој живее и работи во Белгија и немал како што пишуваше  македонско државјанство . Сепак Таравари во разговор за ТВ 24 потврди дека ќе именуваат свој човек  за вицепремиер наведувајќи 

Станува збор за човек со македонско државјанство кој живее и работи во Белгија . По потекло е од Куманово каде има и свој имот, има стан и во Скопје и има одлични конекции со ЕУ. Ќе дојде овдека во Македонија за да го даде својот допринос за земјата да го продолжи усшешно својот пат.

Расправата и гласањето на идниот владин состав во вторник на 18 ти треба да влезе во собрание каде Мицкоски во своето експозе ќе треба да ги претстави сите 20 министри но и оние без ресор и целиот владин тим .