Предлогот да се стопира растот на функционерските плати по скратена постапка пред пратениците
Што поскоро да се донесат законските измени за платите на функционерите предложени од пратеничката група на СДСМ смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и оценува дека тоа е најдоброто можно решение во моментов.
Со потегот на социјалдемократите платите да останат повторно на ниво од 78 посто повисоки само се зголемува револтот кај граѓаните, смета министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
Синдикалците побараа платите на функционерите да останат на ниво од пред да бидат покачени за 78 проценти.
Дополнително, синдикалците најавија протести и повикаа на обединување на сите синдикати, револтот велат е многу поголем поради обидот за одземање на зградата на работниците и гоп овикаа Уставен суд да се произнесе по одлуката на Врховен суд.