Предлог законот за легализација на дивоградби конечно објавен
Foto

Предлог законот за легализација на дивоградби конечно објавен

Дивоградбите кои се изградена надвор од планскиот опфат  на планската документација ќе може да се легализираат со амин од Советите на единиците на локалната самоуправа кои треба да утврдат дека дивоградбите може да се вклопат во идните плански документации ова се предвидува во предлог законот за легализација на дивоградби.

Во него се наведува дека предмет на легализација ќе бидат дивоградбите кои се изградени и претставуваат градежна и функционална целина пред 1 јануари 2021 година. 

Како дивоградби кои што нема да можат да се легализираат според овој предлог закон се наведуваат дивоградбите кои се наоѓаат во Охридскиот регион, оние изградени на заштитено подрачје утврдено со закон, бесправните објекти изградени во подрачје на кое со урбанистичките планови  е предвидена изградба на објекти од јавен интерес, згради за домување како и доградби и надградби со новиот предлог закон за легализација на дивоградби нема да можат да се легализираат. Исклучок се куќите за домување изградени во границите на заштитено подрачје доколку се наоѓаат во зона за одржливо користење. Во посебните одредби од овој предлог закон, во Член 30 се наведува дека:  

„Доколку се утврди дека по поднесувањето на барање за утврдување на правен статус се извршени доградби и надградби на бесправен објект за кој е поднесено барање за утврдување на правен статус, ќе се донесе решение за одбивање на барањето за утврдување на правен статус без оглед дали бесправниот објект ги исполнува условите за утврдување на правен статус.“ - се наведува во предлог законот за  регулирање на статус на бесправно изградени објекти.

Стручната јавност по однос на овој предлог закон ќе треба да се изјасни во рок од 19 дена. Од Асоцијацијата на архитекти не добивме одговоре дали и кои забелешки ги имаат по однос на овој нацрт закон, додека од Комората на овластени архитекти и инженери појаснија дека откако ќе се усогласат во членството на Комората ќе излезат со став.

0 Коментари

Остави коментари