Предлог законот за фер трговски практки во Собранието, за да се стави крај на манипулациите со цените

По два месеци задоцнување, конечно Предлог законот за нефер трговски практики влезе во собраниска процедура. Ова решение кое е најавувано дека ќе стави ред во трговијата во маркетите го помина првиот филтер во Собраниската комисија за европски прашања. Опозицијата даде збор дека ќе го поддржи законот, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  сметаат дека законот треба да се доработи за да имаат придобивки граѓаните.

Опозицијата најави дека ќе поднесе амандмани за овој предлог закон. 

„Нема да го постигнеме ефектот што сите го очекувавме затоа што гледаме дека и покрај инфлацијата секогаш во пракса трговијата може да биде немилосрдна, не се грижи со состојбата на граѓаните, со нивните примања, со нивната куповна моќ, видовме ситуација кога инфлацијата на храната дојде и до 30 до 40 отсто.“ - изјави Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

 Пратениците на владеачкото мнозинство денеска не беа заинтересирани за говор за ова законско решение кое го чекаат граѓаните и компаниите. Еднинствено за збор се јави претставничката на Министерството за економија, од каде потенцираа дека ова предлог решение ги регулира односите помеѓу производите - дистрибутер, потоа трговец и краен потрошувач. 

„Автоматски ќе придонесе сегашната крајна цена која ја плаќа потрошувачот, доколку надоместоците биле повисоки од 10 отсто, ќе се сведе на 10 отсто и ќе ја намали цената на крајниот потрошувач. Тоа е и смислата на овој закон. И за да може тие договори кои ќе се склучат на годишно ниво помеѓу купувачите и добавувачите ниовните договорни односи кои произлегуваат од овој закон исклучиово да бидат контролирани од Комисијата за заштина на конкуренција за да бидеме сигурни дека во идниона нефер трговски практики нема да се применуваат.“ - изјави Билјана Додеска државен советник во Министерство за економија.

Според очекувањата ова предлог решение би било донесено до крајот на идната недела. Какви амандмани ќе поднесе опозицијата и дали власта ќе ги прифати тоа засега не се знае. Се поизвесно е дека одлуката на владата за гарантираните цени на прехранбените производи ќе заврши со стапувањето на сила на Законот за нефер трговски практики. Тоа го најавија веќе од ресорното министерство.

Оваа мерка пак власта ја претстави како успешна бидејќи според нив се  намалила инфлацијата, но граѓаните остануваат на ставот дека ниту им се намалени трошоците за живот, ниту пак е подобрена нивната куповна моќ.