Предлог законите за стратешки инвестиции исчезнаа од дневниот ред на собранието

Пратениците на власта ги повлекоа Предлог законите за стратешки инвестиции за кои требаше денеска да се води расправа во Собранието. Овие законски решенија наидоа на големи критики не само кај опозицијата туку и кај добар дел од експертите, па дури владата според информациите на ТВ 24 размислуваше за целосно откажување од овие инвестиции кои се од областа на енергетиката.

Сепак, од Илинденска број два беа испатени предлог законите до законодавниот дом, но засега никој не одговара зошто пратениците на власта денеска се премислија за дебатирање за овие закони.

Предлог законите за стратешки инвестиции утрово изчезнаа од дневниот ред на собраниската комисија за економски прашања. Иако побаравме одговори и од собраниските служби и од пратениците на парламентарното мнозинство, никој не ја откри причината зошто се откажува оваа дебата која предизвика жестоки реакции кај експертите од областа на енергетиката.

Засега нема ниту информација на која следна седница би се нашле овие предлог законски решенија.

Инаку, вчера по објавата на собраниските служби дека предлог законите ќе бидат ставени на дневен ред, веднаш изреагираа енергетичарите кои беа против овие закони, и побараа и тие да бидат дел од комисиската расправа во собранието. И покрај нивниот интерес да дадат мислење и да помогнат со својата експертиза, утрово кратко ни соопштија дека не добиле никаква покана за да присуствуваат на седницата.

Инаку, најмногу реакции во последниве три недели има за стратешката инвестиција која владата планира да ја реализира преку законско решение, а таа е изградба на гасна центрфала од страна на грчката фирма Митилинеос. Во дебата на ТВ 24 претставникот на власта уверуваше дека државата а најмногу граѓаните ќе добијат доколку се изгради најавена централа. Виктор Андонов директор за инвестиции во државната ЕСМ изјави дека инвестицијата ќе придонесе на намалување на трошоците за електрична енергија и за парно на граѓаните. Константин Димитров пак кој е еден од најискусните енергетичари во Македонија предупредува дека на распродажба ќе се дадат природните ресирси. Проферорот советува инвесициите да бидат исклучиво со државен капитал, а не со приватен партнер од странство.

„Кога една држава е безбедна од енергетски аспект, значи кога има помала зависност од увоз. “

„Точно е дека може да бидеме сопственици. Тие пари ќе ги вложам, ќе анагажирам луже кои ќе работат за мене, а не да дадам и да прави профит 30 години на база на тоа што изградил во мојот дом постојка со која ќе ми влече пари и ќе ги вади надвор.“ - вели Константин Димитров.

Четирите инвестиции кои владата ги класифицираше како стратешки тежат околу 800 милиони евра, и тие пари треба да ги вложат странски компании, преку моделот на јавно приватно партнерство. Проблем за експертите е тоа што инвеститорите ќе добијат огрома државна финансиска помош. Тие побараа и од Јавното обвинителство да го истраѓи целиот овој процес и обид во кој државата бара инвеститори за изградба на електрани наместо тоа да направи со сопствени средства.