Предлог - закон за медиуми

Нов обид засеганатите да го кажат својот став за предложениот текст за медиуми. Две работни средби имало Министерството за информатичко општество и администрација деновиве со дел од невладините организации и дел од претставниците на радиодифузерите, но и со телекомуникациските и кабелските оператори. 

Од Асоцијација на кабелски оператори за ТВ24 велат на средбата бил повторен ставот дека предложениот текст е неуставен. Откако нивните главни забелешки кои биле изнесени не биле прифатени од  МИОА, од асоцијацијата велат нивните идни активности ќе бидат запознавање на, како што велат овој бесправен Предлог закон со претставниците на ЕУ, бидејќи преглод законот Владата планира да го испрати до Собрание со ЕУ знаменце.  

Асоцијација на кабелски оператори 

Трите главни забелешки на Предлог законот  се:

1. Бесправно уредување на задолжително реемитирање на 5те терестријални национални ТВ- Канал5, Сител, Телма, Алсат и Алфа, спротивно и на европската директива.

2. Бесправно наметнување на ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПЛАЌАЊЕ на телекомуникациските и кабелски оператори кои со овие измени ќе треба да и плаќаат месечен надоместок на 5те терестријални национални ТВ - Канал5, Сител, Телма, Алсат и Алфа. Тоа е однос помеѓу две приватни компании и истото е неуставно и неоправдано.

3. Бесправно утврдување на начинот на уредување на авторските права помеќу операторите и странските ТВ.“

Без согласност од ЗНМ, новинарскиот синдикат и европските екперти МИОА ја финализира постапката пред измените да влезат во владина, па потоа и во собраниска процедура. Според инфорамции на ТВ24 работниот состанок со радиодифузерите и невалдините бил обид за последни забелешки за евентуални промени во текстот, но дали забелешки ќе бидат прифатени останува отворено прашање. 

Досега до МИОА стигнаа низа дописи со забелешки од домашните и ЕУ екпертите. Бројни критики изнесоа и од Центарот за развој на медиуми. 

„Ова е решение такако како што е напишано, како што е срочено, е решение кое треба да воспостави систем на индиректни субвенции, многу сличен на системот на индирктни субвенции кои што постои за печат со задолжителните јавни објави кои што на еден или друг начин ќе пренасочи пари од различни буџети од државата или локалните самоуправи кон радиодифузната индустрија. Второ не е многу правичен.“ - изјави Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми во Студио 10.

По забелешките кои МИОА ги доби и од европските екперти, од Делегацијата на ЕУ во земјава за ТВ 24 посочија дека очекуваат да  се почитува експеритизата на Унијата. Оттаму  порачуваат дека носењето на вака клучни закони мора да биде со консензус.   

Според предложениот текст се предвидуда јавните реклами и на централно и на локално ниво да се вратат во телевизиите а доминатен дел од колачот, 75% од средствата да завршат само кај петте приватни национални телевизии, Сител, Телма, Канал 5, Алсат и Алфа. Дополнително телекомуникациските и кабелските оператори на приватните национални телевзии треба да им плаќаат надоместок што ќе го утврдува Владата.